Посни јадења
Постите многу благотворно делуваат на човечкиот организам, околу што се сложуваат и научниците и свештениците, диетичарите и гурманите, верниците и атеистите. Луѓето тоа го знаат од многу одамна: уште старогрчките лекари советувале воздржување од храната како превентива од многуте болести, но и како лек. Денес скоро сите религии препорачуваат некаков облик на пост и воздржување. Христијанството познава неколку различни пости, од еднодневни до оние кои траат по 40 дена. Освен воздржувањето од алкохол, од храна од животинско потекло и пороци, овие пости подразбираат и воздржување од лоши мисли и лоши постапки. Кога на постовите гледате од тој аспект, очигледно е дека таквата пракса соодветствува со тоа што често го говорат лекарите и нутриционистите. Помалку нервоза, помалку кафе, цигари и мрснотија.
Без оглед на тоа поради што постите, бидете сигурни дека го правите најдоброто нешто за своето тело. Организмот за време на постот се чисти од натрупаните отрови, кои ги внесуваме со индустриската, неквалитетна и премногу мрсна храна, која повеќето од нас несвесно ја конзумираме во поголемиот дел од годината. Велигденските пости се особено значајни затоа што доаѓаат по зимскиот период, кога сме физички помалку активни и кога традиционално конзумираме повеќе калории отколку што на организмот му е потребно. Всушност Велигденските пости претставуваат вистинко време за чистење на организмот. ЗОШТО ПОСТИМЕ? СОВЕТИ ПРИ ПОСТЕЊЕ
СО ПОСТОТ ДО ЗДРАВЈЕ, УБАВИНА И ЗАДОВОЛСТВО ![]() Постот претставува една од најстарите методи на лечење и зачувување на здравјето. И самиот Хипокрит ги советувал болните наместо лекови своето тело и душа да ги лекуваат со постење, со умерена физичка активност и свеж воздух. Во услови на современиот начин на живеење, при што секојдневно сме изложени на разни психички проблеми, додавајќи ја нередовната исхрана, чистењето од отровните материи наталожени во нашиот организам, станува поактуелно од било кога. Притоа треба да се знае дека постот нема апсолутно никаква врска со диетите, на кои целта им е исклучиво намалување на килограмите. Постот не се темели на изгладнување. Со апстинирањето од одредени видови на храна, го прочистуваме и го регенерираме како системот за варење, така и целиот организам, освежувајќи го, обновувајќи го и подмладувајќи го. Преку постот целиот организам, сите органи и клетки се чистат од штетните материи и се обновуваат и затоа не треба да не чуди што луѓето по постот се чувствуваат како повторно родени. Се разбира преку постот нашиот организам се ослобидува не само од физиолошкиот, туку и од психичката баласт. За време на постот што повеќе угодувајте им на телото и душата. Што повеќе одморајте се, поминувајте повеќе време во прошетки во природа и занимавајте се со рекреациски активности. ![]() За време на постот конзумирајте што повеќе овошје и сиров или динстан зеленчук. Зеленчукот зачинете го само со малку сол, или уште подобро со растителни зачини како босилек, тимијан, лук и маслиново масло. Во однос на изборот на зеленчукот може да се раководите и од формулата црвено, зелено, жолто како во вашите оброци би биле застапени сите видови на хранливи состојки. Што се однесува до количината, јадете што помалку, но онолку колку што ви е потребно. Бидејќи сировата храна значително го оптоварува системот за варење, доколку имате чувствителен желудник избегнувајте свежо овошје и зеленчук во попладневните часови. Во тој периот јадете само варен зеленчук или овошје. Во текот на денот конзумирајте 3-6 литри течност, најдобро негазирана природна минерална вода, свежо исцедени овошни сокови и растителни чаеви. По 18 часот избегнувајте да внесувате храна во организмот. Обидете се за време на постот да не конзумирате кафе, црн чај, алкохол, слатки и газирани пијалоци, и секако заборавете ги цигарите. За време на постот неопходната храна за нашето функционирање наместо од намирниците, значи ,,однадвор,, се обезбедува од внатрешните резерви на нашиот организам. Поради тоа што своите потреби организмот ги задоволува од внатрешните енергетски резерви, човекот не се чувствува гладен, туку напротив, здрав, задоволен, полетен и моќен. |

