Американска кујна
Најсликовит израз, кој најдобро ги опишува жителите на Соединетите Американски Држави е “Мелтинг Пот” - “лонец во кој се стопуваат и се мешаат различни луѓе, обичаи, култури, раси, религии, па така и гастрономијата од сите делови на светот”. Американската кујна е многу разновидна и не може строго да се дефинира.
![]() Регионални кујни Доселениците во САД, со себе ги донеле и специјалитетите од земјите од кои дошле, а времето покажало кои јадења се прифатени. Североисточниот дел на САД, познат како Нењ Енгланд, познат е по силните јадења кои се приготвуваат според рецептите на британските колонизатори, како и по јадењата од морски плодови. ![]() Германците го донеле пивото, колбасите и саламите, како и разните видови на леб, Скандинавците ги донеле јадењата од риба, лебот од компири и месните топчиња, Унгарците го донеле гулашот, Италијаните начинот на подготвување на сирењето. Поради долгите и ладни зими во овој регион месото се суши, зеленчукот се кисели, а овошјето се конзервира. ![]() Жителите од француско- канадско потекло кои живеат западно и јужно од Нењ Орлеанс претпочитаат едноставна храна, полна со арома, во која доминантни се зачините од пиперки, лук и целер. Нењ Орлеанс се гордее со оригиналната кујна со доза на европски шмек. Тука има мешавина од шпанска и француска култура, како и културата на африканските досеелници. Тоа е складна мешавина од лесна креолска и француска кујна, со интензивни африкански и западноевропски зачини. На кујната на југозападните држави најмногу влијаеле Индијанците, како и раните шпански доселеници од Мексико. Локалните производи и мексиканските зачини ја создале кујната на овој регион, чија варијанта Теџ-Меџ, е популарна во Тексас и долж мексиканската граница. Скара и чили, типично каубојската храна е толку омилена, така што се одржуваат и годишни чили фестивали. Калифорниската кујна се темели на многу свеж зеленчук, овошје и морски плодови, така да може да зборуваме за поздрава и полесна кујна. Разновидниот состав на населението има донесено делови од националните кујни и во спој со изобилството на плодови од природата се формирала калифорниската кујна. Свежите производи се зачинуваат со необични зачини и затоа немојте да се изненадите доколку зелената салата, сервирана со авокадо и портокали, биде ![]() САД се најголеми производители и извозници на храна во светот. Затоа нема да згрешите доколку пробате било која од регионалните кујни, но најдобро ќе биде сепак да се одлучите за онаа кујна што е најприфатлива за вашиот вкус. |



