Австриска кујна
Покрај бројните сличности со германската кујна, австриската содржи и влијанија од различните етнички групи, кои во долгото владеење на Австро-Унгарската монархија, за време на кое границите се менувале, го менувале и начинот на подготвување на храната.
![]() Типичните австриски специјалитети се разликуваат во зависност од покраината и историското влијание, како и од производите кои во тој регион доминираат. На пример, во кујната на Градишка забележливо е влијанието на традиционалната кујна на градишките Хрвати, како и на унгарската кујна. Изобилството на свежо овошје и зеленчук и одгледувањето на живина ги поттикнало жителите на овој регион да подготвуваат јадења како Гускин црн дроб со кромид или десерти со јагоди. ![]() Во регионот на Долна Австрија се забележува долгогодишната историска поврзаност со Средниот исток. Во оваа кујна базирана на ориентот, ќе ви ги понудат специјалитетите како Варени топчиња прелиени со сос од рен или ролат од јаболки. Во Горна Австрија и во подрачјето покрај границата со Германија и Чешка доминира гастрономската класика, како Линцер торта или Целувки со ванилин шеќер. ![]() Благодарејќи на богатата и динамична историја, виенската кујна е приказна за себе. Долгогодишните владетели, Хабсбурговците, го ширеле своето царство во државите со различни култури, но од таму прифаќале разновидни производи и начини на подготвување на јадењата. Виенската кујна е најпозната по Виенската шницла. Најславното австриско јадење впрочем е многу нетипично за австриската кујна: во Италија ваквата похувана шницла се нарекува Цотолетта алла Миланесе. Но како и да е, оваа сочна шницла е прифатена во целиот свет, а освен на традиционалниот начин со печени компири, може да се сервира и со компир-салата. Од останатите познати јадење на Виенската кујна ќе ги споменеме Супата со кнедли од пармезан, Гулашот многу сличен на унгарскиот и секако прочуената Сахер тортата. ![]() Со доброто јадење Австријците претпочитаат да се напијат пиво или вино. Традицијата на конзумирање кафе во Австрија е многу долга, па уште во 1730-тата година тогашниот Беч имал триесетина кафеани. Во кафето Австријците најчесто додаваат млеко, шлаг, шеќер, чоколада или разни видови на алкохол. |



