Грчка кујна
Грчкта кујна е многу стара и позната. Уште во античко време грчките кувари биле многу високо рангирани, скоро како и филозофите кои честопати и самите биле големи гурмани и пријатели на добриот пијалок.
![]() Таа земја така близу до Ориентот, не можела да остане имуна на одредени турски и арапски јадења, кои со текот на времето се одомаќиле во грчката кујна и í дале посебна драж. ![]() ![]() Рибата се јаде печена на скара или пржена на маслиново масло. Најпознато грчко јадење е мусаката од јагнешко, модри патлиџани и компири, зачинети со маслиново масло, лук, домати, бело вино и рендано сирење. Суфлакито е карактеристично грчко јадење- коцки месо на скара, се сервираат со сосот ѕаѕики и свежи домати и лук или како раженчиња, Пастисио - вид на макарони, подготвени со мелено месо и бешамел, Каламари - лигњи пржени или на скара- се сервираат со разни сосови, Луканика - мали колбаси кои се подготвуваат на скара и се служат со лимон. Од зеленчукот кој во Грција го има во изобилство, најбарани се доматите, модрите патлиџани, гравот и тиквичките. Сите јадења се подготвуваат со јаки зачини, а најчесто и со лута пиперка. ![]() Виното според грчката митологија е пијалок на боговите, бидејќи самиот бог Дионис им покажал на луѓето како се сади лозата. Судејќи според квалитетот има вистина во тоа. Грчките вина се познати. Освен виното во Грција е омилено и узото. Внимавајте Грците никогаш нема да ви простат доколку не ја пофалите нивнта Метаџа со седум ѕвезди. Уживањето во јадењето заедно со семејството и пријателите е дел од грчката животна филозофија. Атмосферата во грчките ресторани и таверни е релаксирана, неформална и пред се пријатна. |



