Мексиканска кујна
За мексиканската кујна се смета дека е една од најпознатите во светот. Голем дел од производите што се користат во разните кујни во светот, потекнуваат од Мексико. На пазарите во старо Мексико можело да се најде: грав, пченка, кикиритки, какао, домати, чили пиперчиња, тикви, папаи, маслинки, авокадо, компири, зелје, печурки, табаско пиперчиња, ванила, мед, а од месо: мисирки, елени, зајци, патки, фазани, и се разбира, риба и морски плодови.
![]() Моле Поблано е најрепрезентативното национално јадење. Основниот облик на мексиканското моле е едноставен. Сосот се приготвува од чили пиперчиња и чоколада и се сервира врз месото. Издробеното семе од сусам или тиква само го засилува вкусот. Постојат многу варијанти на ова јадење, а некои од нив се тотално американизирани или добиле типично тексаски вкус, иако вистинското моле е исклучиво мексиканско јадење. ![]() Доматите и пиперките се најчестите производи во мексиканските јадења, но постои и еден вид на домати томатилјос со вкус на лимон, јаболко и ароматични растенија. Овој вид се користи најчесто за подготвување на сосови. Познатата мексикан-ска салса (сос) е неизбежен додаток скоро со секое јадење. Многу се јаде грав и боранија. Постојат многу видови на грав од кои секој се подготвува на различен начин, во зависност од тоа за кое јадење се користи. Зачините се многу значаен детал при подготвувањето на секое мексиканско јадење. Најчесто се користи коријандер, и тоа свеж, но во негов недостаток, се употребува и свеж магдонос. ![]() ![]() Од тестата најпознати се тортиљите кои се основа на мексиканската кујна, независно дали се од пченка или од пченица. Постојат многу начини на подготвувањето на тестото, како ва-ријации на тортиљите, но во суштина сите се многу слични. Љубителите на лутата храна секаде во светот не можат да замислат оброк без лути пиперчиња. И тоа не поради тоа што тие се здрави и преполни со витамините Ц и Е, туку поради тоа што им го зголемуваат апетитот и го засилуваат вкусот на храната. Чили пиперчињата потекнуваат од територијата на денешно Мексико и се омилен додаток во многу јадења низ целиот свет. Повеќе од 100 видови на оваа пиперка има само во Мексико, а уште неколку видови се одгледуваат во Јужна и Југозападна Америка, Југоисточна Азија, Кина, Индија, Северна Африка, Шпанија, а и ние можеме да се пофа-лиме со некои наши видови, кои слободно може да им конкурираат на мексиканските чили пиперчиња. |



