Португалска кујна
На враќање од своите големи истражувачки патувања од Далечниот Исток, Африка, Северна и Јужна Америка португалските морепловци носеле најразлични зачини, кои ги проширили низ Европа ( црн пипер, ѓумбир, чили и цимет), кои ги употребувале да го збогатат вкусот на храната. Тие носеле и бројни егзотични производи кои набрзо станале дел од европското секојдневие, како што се чајот и оризот од Далечниот Исток, доматите и компирите од Јужна Америка.
![]() Секако голем придонес за богатата португалска кујна има домашното производство на пченка, компир и ориз, како и богатството на маслинови стебла, лозовите насади, дрва со портокали, смокви и бадеми со кои изобилува територијата на Португалија.Карактеристики на португалската кујнаДоброто јадење во Португалија започнува со супа. Најпозната супа е цалдо верде, густа супа од сечкани колбаси и компири. Најчесто се приготвува со маслиново масло. Нема да згрешите ни доколку ја пробате ,, супата од камен сопу да педра, за која постои интересна легенда. Според неа оваа супа ја измислил некој свештеник кој сакал да направи супа, но единствено ншто што имал било каменот. Така одејќи од врата до врата молел луѓето да му дадат само уште еден производ за супата и на својот пат собрал доволно производи и погодувате ја направил сопу да педра. ![]() Најтрадиционално португалско јадење е Цозидо а португуеса ( гулаш од телешко и свинско месо, зеленчук и разни колбаси). Многу е тешко од големата понуда на јадења со месо да се направи избор. Цабрито ассадо но фурно (јарешко печено во фурна), се приготвува за Велигден. Цханфана (јарешко варено во црвен кромид) е познат португалски специјалитет, а говедскиот кебап на скара претставува вистински избор. Меѓу Португалците најомилено јадење е битољуе (бифтек со печени јајца). Чаденото месо, особено пресунто (пршута) и разните видови на колбаси заземаат посебно место во португалската кујна со својот квалитет. Морето претставува посебна инспирација за кулинарските виртуози. Цалдеирадас ( динстано месо од рани видови на риба) е совршен пример за фузијата на морето и кулинарството, како и сардинха ассада (сардини на скара) кои се и главно обележје на популарните фестивали од северот до југот на Португалија. ![]() При подготвување на десерти најчесто користени производи се јајца, шеќер и фантазија. Слатките специјалитети изворно се подготвувале во манастирите, за што говорат и нивните имиња: Небо, Појасот на опатицата, Опатовото уво ... Не помалку живописни се и слатките специјалитети направени од јајца, млеко и цимет, колачите со крем од јајца и млеко, невообичаените колачи направени од сирење и грав, пудингот од ориз со цимет, малите колачи од марципан со крем од бадеми... Има уште многу вакви десерти и верувајте секој е повкусен од претходниот. ![]() Ќе наброиме само некои од шампионите на винарските визби: Порто, слатка и сочна Малвазија, сув Серциал, полусуво и темно вино Верделхо, Боал виното со карактеристично буке. Распонот на вината се протега од лесни, преку кисели млади вина, слатки овошни до вина со интензивна арома. Португалскиот оброк нема да биде целосен доколку на крај не го зачините со багацом или со локалните ликери како амарљуинха, направени од горки бадеми. |



