Турска кујна
Турската кујна спаѓа меѓу 10 најатрактивни светски кујни. Дамнешниот номадски живот, просторот со различната флора и фауна, кои минува низ седум географски зони, и наследството на богатата царска кујна се трите темелни елементи кои влијаат врз гастрономската умешност.
![]() Покрај лебот значајно место во турската кујна зазема пилавот од ориз. Се подготвува во многу варијанти, се служи топол или ладен, а може да биде и додаток на месото, а и главно јадење. Месото по правило се користи во помали количини. Со името кебап се нарекуваат сите јадења од месо, а за Турција е карактеристичен како и бурекот. Меѓу попознатите се шиш кебапот и донер кебапот. Карактери-стичниот вкус потекнува од квалитетното јагнешко и телешко месо и природните услови во кои се одгледуваат. ![]() Турција е земја со 4 мориња, а луѓето кои живеат таму мајстор-ски знаат да ја подготвуваат ри-бата и морските плодови. Најпозната турска риба е црноморската сардела хамси. Рибата се служи со сезонски зеленчук и салати. ![]() Можеби за многумина ќе биде разочарување но турското кафе не е јако туку густо и се пие во мали голтки, а најчесто се користи како повод за муабет. Традиционален турски пијалок е црниот чај, кој се пие во секое време и со кој му се искажува добредојде на гостинот. Во текот на жешките летни денови Турците уживаат во ајранот, вид на посолен јогурт разреден со вода, кој делува освежувачки и го регулира крвниот притисок. Од алкохолните пијалоци Турците се посебно горди на својата. ,, Јени раки,, која ја нарекуваат млеко од лав, бидејќи како и кај нашата мастика со додавањето на вода добива бела боја. ![]() Конзумирањето храна во Турција, како и многу други работи претставува уживање. Се смета дека три пати во денот треба да се јаде и тоа седејќи никако набрзина или од нога и никако сам. Менито се состои од три или повеќе јадења кои се служат во низа. Добро е да се знае дека поговорката ,, не е важно што, важно е да може да се јаде нема место во турската кујна,,. Покрај податоците за турската кујна добро е да знаете дека ценкањето во Турција претставува национален спорт, а русокосите жени слабост. Комплиментот ќе биде упатен до мажот бидејќи според Турците тој е среќен човек. |



