За нас
Мед Фокус продукција е претпријатие чија основна дејност и определба се видео емисии и серии, направени на најдобар можен начин, а што недостасуваат во етерот во Македонија. Самото име Мед Фокус (скратен назив од Media focus) асоцира на тоа.
![]() видео монтажата заедно со подготовката на текстовите, читањето на рецептите...до емитувањето, сето тоа е процес што трае 15 дена. ТВ серијата опстојува веќе 6 години. За тие шест години 3 пати е сменета сценографијата, со 3 различни кујни. Денес студиото во кое се снима емисијата ![]() Денес серијата Храна и Вино ја гледаат околу 20.000.000 милиони гледачи преку национални и локални телевизии во Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. ![]() Исто така веќе 2 години, излегува и DVD издание од DVD колакцијата Храна и Вино, односно DVD Kuvar на териториите на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Во главно тоа е МедФокус продукција и Храна и Вино. Што е тоа филм, видео, маркетинг и издаваштво се покажа дека знаеме. Но, тука не е крајот, се уште не чека уште многу работа, затоа што ние не знаеме за доста. Продолжуваме и понатаму кон усовршување на веќе постигнатото, во рамките на светските стандарди, а и проширување во глобалниот модерен свет. |


