Полнета мисирка
    За подготовка на овој рецепт потребни ви се следниве продукти:

- една мисирка
- 100 гр бадеми
- 300 гр печурки
- црвена зелка
- 300 гр чадена сланина
- две јаболки
- една китка магдонос
- суви сливи
- 200 гр сирење
- 150 гр кашкавал
- морков
- суви кајсии
- портокал
- кромид
- лимон
- масло за јадење
- сол и бибер

Време за подготовка 60-тина минути.

Сувите сливи и кајсии ги ставаме во еден сад и ги потопуваме со вода. Во тава ставаме масло за јадење добро да се загрее. Додека маслото се загрева ситно го сецкаме кромидот и го тргаме на страна во друг сад. Истото го правиме со морковот. Во меѓувреме маслото е загреано и во него го ставаме ситно сецканиот кромид.

Китката магдонос ситно ја сецкаме а потоа ја ставаме во посебен сад и ја тргаме на страна. Истата постапка е и со сувата слива и сувата кајсија кои по сецкањето ги тргаме на страна во посебен сад. Постапката ја повторуваме со бадемите.

Кромидот е пропржен. На него му го додаваме ситно сецканиот морков по што го промешуваме. И чадената сланина ја сецкаме на ситни парчиња по што ја тргаме на страна во посебен сад. Јаболкото најпрвин го сечеме на четвртинки, ги отстрануваме семките и го сецкаме на покрупни парчиња.

Смесата од кромид и моркови е пропржена. На неа и го додаваме целото количество од печурки. Смесата ја промешуваме и садот го затвораме со капак оставјќи ја да се динста. Сецканото јаболко го полеваме со сок од исцеден лимон за да јаболкото ја задржи бојата и на јадењето му се даде специфичен вкус.

Кората на портокалот ја рендаме најситното ренде и ја додаваме на сецканото јаболко. Ренданиот портокал го сечеме на крупни парчиња и ја додаваме на садот со исецканото јаболко и ренданата кора од портокал.

Во тавата со печурките и кромидот ја ставаме ситно сецканата чадена сланина, а потоа и малку суво грозје и сецканиот бадем. Смесата ја промешуваме и ја оставаме да се динста со затворен капак.

По 5-10 минути динстање на смесата и го додаваме ситно сецканиот магдонос по што смесата ја промешуваме и садот го затвораме со капак. Потоа го додаваме ситно сецканото овошје. Чешните лук ситно ги сецкаме по што и ги додаваме на смесата што се динста.

Црвената зелка ја делиме на две половини. Од двете половини го вадиме коренот.

Длабок сад го полниме до половина со вода и му додаваме поголемо количество масло за јадење. Добро ја посолуваме. На течноста и додаваме малку оцет за да се добие специфичен вкус на зелката како и да не се изгуби нејзината боја.

Тавата со варениот зеленчук и овошје е готова. Ја тргаме на страна. И додаваме малку мелен бибер и добро ја посолуваме. На смесата и додаваме половина од сирењето кое со дрвена лажица го дробиме.

Садот со водата, маслото за јадење и оцетот е загреано и во него ги ставаме двете половини од зелката да се варат. Садот го поклопуваме со капак.

Рерната во која ќе ја печеме мисирката ја загреваме на температура од 200 степени целзиусови.

Пред да ја наполниме мисирката, убаво ја посолуваме и посипуваме со мелен бибер. Мисирката ја полниме со подготвената смеса од пржен зеленчук и овошје. По полнењето отворот на мисирката го затвораме.

Кога зелката е полуварена ја вадиме од садот и ја тргаме на страна малку да се излади. Мисирката ние веќе ставена во тавата со која ќе ја печеме. Посипана е со еден од зачините од широката лепеза на зачини кои се наменети за подготовка на овие рецепти. Целата мисирка ја полеваме со поголемо количество масло за јадење, а едната половина од полуварената зелка ја сецкаме на покрупни парчиња кои ги ставаме во тавата покрај мисирката. Исто така на мисирката и ја додаваме смесата од прженото овошје и зеленчук. Мисирката ја покриваме со парчиња чадена сланина по целата нејзина површина. Потоа ја полеваме со масло за јадење. Ја ставаме да се пече во загреана рерна на 250 степени целзиусови. Температурата ја намалуваме на 175 степени.

Како прилог кон мисирката го ставаме печеното овошје и зеленчук. декорацијата на ова јадење ја правиме со неколку кришки свеж портокал на кои им ја вадиме кората, тенки парчиња од црвената зелка, неколку листа свеж магдонос, парчиња сува кајсија, неколку кришки лимон И неколку гранчиња свеж француски магдонос.

За ваше празнично расположение, со овој навистина вкусен рецепт, служете црно вино.

Добар апетит.